Скопје Опен 2014 – Се одржа првиот меѓународен турнир во БП дебата.

Се одржа првиот меѓународен универзитетски дебатен турнир во Британска парламентарна дебата „Скопје Опен 2014“. На турнирот учествуваa80 учесници (дебатери, судии и волонтери) од повеќе Европски универзитети и дебатни друштва.

Од 7ми до 9ти ноември во просториите на Правниот факулетет „Јустинијан Први“ на турнирот се натпреваруваа 20 тима, во 5 прелиминарни рунди и финале.

На финалната дебата која се одржа во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се натпреваруваа најдобрите четири тимови, а а тезата на која дебатираа финалистите од Англија, Србија, Македонија и Косово беше „THW suspend the right of free movement of people in the European Union“[Овој дом би го укинал слободното движење на луѓето во ЕУ]. Судискиот панел  составен од Георги Велковски (МК), Рона Лигет (USA), Горан Јанкуловски (SR), Mарија Максимович (SR), Стивен Раџавинотан (EN) со едногласна одлука победата ја додели на тимот од втората влада составен од Стефан Сириџански (SR) и Хариш Натарајан (EN). За најдобар говорник на турнирот прогласен беше Хариш Натарајан (EN).

Официjален јазик на турнирот беше англискиот. Тимот на главни дебатни судии на Скопје Опен задолжени за креирање на тезите за дебатирање во меѓународен состав беа: Стивен Рамеш Раџавинотнан (Warwick Debating Union, Велика Британија), Хелена Иванов (Open communication, Србија), Манос Мосхопулос (Debating Society of Greece, Грција) и Георги Велковски (МОФ, Македонија) тие ги издвоија следните тези за овој турнир:

debata 1R1:THBT the interests of the ethnic Albanians in Macedonia is best served through participation in ethnic Macedonian parties.

[Рунда1: Овој дом верува дека интересите на етничките Албанци во Македонија ќе бидат подобро застапени преку учество во Македонските партии]

R2:THW ban all medical procedures intended to change an individual racial appearance

[Рунда2: Овој дом би ги забранил сите медицински процедури кои ја менуваат расната идентификација на индивидуалецот]

R3:TH supports the us’s use of drones to eliminate terrorist targets

[Рунда3: Овој дом ја поддржува Американската употребата на дронови за елеминирање на терористички цели]

R4:THBT homosexual football players from top western leagues should publicly declare their sexuality

[Рунда4: Овој дом верува дека фудбалерите од лигите на западните земји треба јавно да ја изнесат својата сексуална определба]

R5:TH supports the radical redistribution of wealth

[Рунда5: Овој дом ја поддржува радикалната дистрибуција на богатство]

Целта на Skopje Open беше да ја промовира дебатата на национално и меѓународно ниво како компетитивна интелектуална активност помеѓу универзитетите, која нуди можност за алтернативен интердисциплинарен пристап на идеи како и решенија на актуелни проблеми преку дискутирање на политики во полињата на демократија, човекови права, меѓународни односи, социјални права и економски слободи.

Скопје Опен 2014 е во организација на Младински образовен форум, а е поддржан од Фондација Отворено општество, Амбасадата на САД во Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Сподели