Skopje Open 2015 International British Parliamentary Debate Tournament

Период на реализација:
1 октомври 20015 – 15 јануари 2016 – проект
24 – 26 декември 2015 – главен настан

Донатор:
Британска Амбасада, Скопје

Краток опис:
Skopje Open 2015 е вториот меѓународен дебатен турнир во организација на дебатната програма на Младински образовен форум. По успешната реализација на минатогодишниот турнир, со цел да  понуди простор каде студентите ќе се вклучат во компетитивна дебата овогодинешното издание на турнирот нуди можност за двојно повеќе учесници да земат учество во настанот.

Во период од 3 дена Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 120 студенти од различни региони во светот, кои ќе имаат можност да се натпреваруваат дебатирајќи на актуелни теми за демократијата, човековите права , граѓанското општество, политички спорови , меѓународни односи, меѓународната миграција , како и за родовите прашања. Составен од 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале за време на турнирот ќе се одвиваат 53 дебати со цел да се прогласи најдобриот тим и говорник на турнирот.
Формат на кој ќе се одвива турнирот е Британска Парламентарна дебата, формат кој е најраспостранет во светската но и во македонската студентската дебатна заедница. За време на дебатата 8 студенти поделени на 4 тимови, секој во говор од само 7 минути, ќе мораат да докажат зашто нивниот тим е тим заслужува да ја добие дебатата. Темите на кои ќе дебатираат студентите ќе ги добијат 15 минути пред да започне дебатата и истите се одредени од тимот на главните судии на турнирот. Годинава тимот на Главни дебатни судии на Скопје Опен кој ќе биде задолжен за креирање на тезите за дебатирање на овој турнир е во меѓународен состав: Стефан Сириџански ( Open Communication, Србија ) и Хариш Натарајан (Cambridge Debating Union, Велика Британија ).На настанот покрај судии и дебатери, учествуваат волонтери и организациски тим. Клучната мотивација за организирање на овој настан лежи желбата да им се понуди платформа на младите во Македонија да се вклучат во компетитивна дебата, која ќе им овозможи да го подобрат своето знаење, ораторските вештини, способноста критички да размислуваат но и да им обезбеди алатка против говорот на омраза. Барајќи од студентите да дебатираат на двете страни на прашањата, дебатата им овозможува да добијат подобра перспектива, да направат информиран избор и да станат потолерантни кон спротивните мислења и вредности .Со овој турнир се надеваме дека заеднички ќе дадеме придонес кон развојот на дебатата во Македонија, и позиционирање на нашата земја како релевантна во универзитетската дебата на Европско ниво

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: