Барај
Close this search box.

Јавниот простор е многу често потценет, а всушност низ него го поминуваме својот живот. Еден куп минувачи, секој од нив “заробен” во своите мисли, стравови, соништа… Па така, тргнувајќи од основното човеково право – слобода на изразување и инспирирани од еден од најкреативните светски општествени проекти, одлучивме на сите тие случајни минувачи да им дадеме можност, простор и уредени ѕидови на кои ќе можат слободно да ги споделат своите мисли, желби и аспирации.

 

 
Програма:

12.15 – Отворање на настанот – Кирил Поп Христов
12.30 – Обраќање од организатoрите
12.45 – Диџеј Ана Мало
14.30 – Диџеј Зоки Бејбе
17.00 – Затворање на настанот

Скопје ве кани да се потпишете на првиот градски ѕид на ставови!

Овој ѕид е првиот од серија кои ќе им овозможат на граѓаните во Скопје, Тетово и Битола анонимно да ги изложуваат своите мислење за локалната заедница, образованието и општеството пред јавноста. Со ова Скопје се приклучува кон многуте светски метрополи во кои има вакви инсталации, реплики на отворениот проект Before I Die Wall, на младата американска уметница Кенди Ченг.

Се надевааме дека инсталациите ќе ги охрабрат сите граѓани да се изразуваат јавно и дека ќе инспирираат и други млади да креираат вакви површини , а со тоа да го разиграат просторот и ставовите во својата средина.

Се гледаме во сабота на ул. Македонија (спроти Драма кафе)!

*Проектот се реализира во соработка со Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), во склоп на националната кампања “Слободен си – изрази се”.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: