Слобода е да немаш предрасуди!

Да се живее во демократско општество значи секој да има право на свое мислење, на свое изразување, на свој начин на живеење. Предрасудите однапред осудуваат и создават услови за дискриминирачко однесување спрема секој што е поразличен. Тие нѐ оддалечуваат едни од други. Тие сакаат да ги поништат разликите меѓу луѓето.

Секој кој се облекува поинаку, кој има „откачена“ фризура, кој послободно и поразлично се однесува, кој пие сам кафе во јавност е предмет на озборување и осуда. Да имаш тетоважа на своето тело не значи дека си криминалец; ако изгледаш дотерано и амбициозно, не значи дека си „спонзоруша“; да негуваш панк стил не значи дека користиш дрога.

Затоа ние, младите од Струмица, решително порачуваме: Стоп за предрасудите!

Придружете ни се во борбата против предрасудите!
Во сабота, на 26 октомври, точно на пладне, дојдете на плоштадот во Струмица и бидете дел од нашата кампања „Слобода е да немаш предрасуди“. Направете си своја маичка, искажете ги вашите ставови, покажете дека не се плашите од седењето сам/а на кафе.

Бидете и ВИЕ дел од слободната зона на плоштадот во Струмица!

Програма:

  • 12.00 – Отворање на настанот (водител: Лазар Илиески)
  • 12:15 – Обраќање на организатoрите на кампањата
  • 12.20 – 14.00 :
  • 1. Арт- стенсил работилница (направете си маичка со порака)
  • 2. Табла за слободно изразување „Слобода е…“ (искажете го својот став)
  • 3. Сам/а на кафе, па што! (акција Happy Hour во Кафуле 19)
  • Ќе ве забавувува: Диџеј Тед Детман

Facebook најавата за настанот можете да ја најдете тука.

Кампањата „Слобода е да немаш предрасуди“ се реализира во рамките на проктот „Млади промотори на слободата на изразување“. Проектот го релизираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум, а е поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: