Слободен пристап до информации од јавен карактер од и за студентите

Период на реализација: 01.04.2010 – 31.01.2011

Донатор(и): Фондација Отворено општество – Македонија

Краток опис на проектот: Проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер од и за студентите“ е проект на Младински образовен форум кој се спроведуваше во периодот 2010/2011 користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како истражувачка алатка.

Целите на проектот се промоција на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер помеѓу студентите на различни факултети и подигнување на свеста кај студентската популација за можностите кои ги нуди овој закон преку организирање на трибини.  Преку отворање на канцеларија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ проектот на студентите од административната група на Правниот факултет им овозможи практична работа и на студентите им понуди бесплатно правно советување за користењето Законот за слободен пристап.

Дополнително, тимот на МОФ изработи и спроведе на истражување на тема „Мобилност на студентите, академскиот и административниот кадар“ на 6 факултети, користејќи го законот како алатка за спроведување на истражувањето.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: