На 16 јуни, членовите на почетните клубови од Скопје успешно ја завршија учебната „Учиме право“ година.
На завршниот настан настан тие одржаа симулација на судење на случај по кривична постапка каде студентка која е зависник од кокаин, обвинителството ја гони поради сомнение дека истата покрај тоа што конзумира, таа и препродава кокаин на други лица. Лицето се гони за сторено кривично дело по член 215 став 1 од КЗ.

За прв пат, годинава учесници на симулацијата имаа можност да бидат и предавачите кои ги водеа клубовите.
Членовите се најдоа во улоги на:
Судија – Христина Јовчевска
Поротници: – Ружди Аметовски, Албина Џемаили,
Адвокати: Милан Нешковски, Ева Ставрева,
Обвинета: Емилија Јаневска,
ЈО: Сумеја Амети, Блаже Ајтов,
Сведоци: Сузана Асан, Сара Агуш и Јована Костенцова.
Честитки до членовите кои посветено и одговорно работеа изминатиот период.

Благодарност до Правен факултет „Јустинијан први“ кои ја отстапија Свечената сала за одржување на симулацијата и обезбедување на тоги.

Овој настан е реализиран во рамики на проектот Квалитетни образовни можности и политики за младите поддржан од Фондација отворено општество Македонија, имплементиран од Младински образовен форум.