Вo средата млади активисти од клубот Артивизам имаа успешна акција со која се покри говорот на омраза испишан на кејот на реката Дрим и зградата на поштата во Струга.
Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор! Толеранцијата е клучна за одржување на мирот. Но, и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата како нашето кои се мултиетнички и мултикултурни.
Младите активисти од клубот Артивизам при Младински образовен форум имаат иницијатива за цртање графити и покривање на испишаните натписи кои содржат говор на омраза. Овие акции на Младински образовен форум и со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе бидат спроведени во текот на овој месец, на неколку локации низ градовите каде што се мапирани натписите и графитите што содржат говор на омраза.