Со длабока тага ја примивме веста за страшната несреќа во Кочани, во која згаснаа човечки животи, меѓу кои и млади луѓе. На семејствата, пријателите и најблиските на загинатите им изразуваме искрено и најдлабоко сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Посебно сме потресени што дел од повредените се активни членови на МОФ, а нашата заедница во Кочани е директно погодена од оваа трагедија. Нашите мисли се со нив и нивните семејства.
Ова е момент кој бара тешки, но неопходни разговори. Ги охрабруваме родителите и старателите да седнат и да разговараат со своите деца – да ги слушнат, да им дадат поддршка и да им помогнат да ги изразат чувствата на страв, загуба и неизвесност.
Ова се денови на тага. Во мислите сме со семејствата на загинатите, со повредените и со сите погодени од оваа трагедија.