Младински образовен форум организира јавна трибина и промоција на публикација од истражување „СОНУВАМЕ ДА ПАТУВАМЕ“ – Анализа на студентската и академската мобилност преку алатката: Пристап до информации од јавен карактер.
Настанот ќе се одржи на 27.01.2011 (четврток), во просториите на ЕУ Инфо Центар, со почеток во 12:00 часот.
Настанот вклучува промоција со резултатите од истражувањето за студентска и академска мобилност и јавна трибина со видни гости од образовната сфера и граѓански организации.
Агенда:
12:00-12:05 Отварање на настанот од страна на модераторот
12:05-12:15 Презентација на резултати од истражување на мобилноста преку алатката слободен пристап до информации од јавен карактер
Говор на Атанас Димитров(Слободен пристап до информации- од и за студентите)
12:15-12:25 Презентација на резултати од истражување на мобилноста преку интервјуа, анкети и фокус групи
Говор на Петар Димитров (Анти-Корупциска Мрежа на ЈИЕ)
12:25-12:35 Согледувања во врска со мобилноста во Македонија
Говор на професор Зоран Поповски
12:35-12:40 Ставот на ЕУ за хармонизацијата на македонскиот високообразовен систем со европскиот; улогата на мобилноста во создавањето на добро образуван млад граѓанин
Говор на господин Роберт Лидел(Делегација на ЕУ)
12:40-12:45 За Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и напорите за промовирање на мобилноста кај студентите на Правниот факултет
Говор на професор Борче Давитковски (Правен Факултет Јустинијан I)
12:50-13:10 Сесија со прашања и одговори
13:10-13:15 Потребата за поинтензивно промовирање на мобилноста кај македонските студенти
Говор на Антоанета Ивановска (Младиинфо)
13:15-13:20 Транспарентноста како предуслов за квалитетен високообразовен систем
Говор на Даниела Атанасова (Излез)
13:20-13:35 Сесија со прашања и одговори
13:35-13:40 Говор на модераторот
13:40-14:00 Коктел и затварање на настанот