Барај
Close this search box.

Советодавен сервис за права на млади

Период на реализација: 01.10.2013 – 30.09.2014

Донатор: Амбасада на САД во Скопје

Краток опис на проектот: 

Проектот „Советодавен сервис за права на млади” е проект на Младински образовен форум, поддржан од
страна на Амбасадата на САД во Скопје, кој се спроведува во периодот од октомври 2013 година до
септември 2014 година.

Целта на проектот е обезбедување советувања за млади со цел полесно остварување на нивните права низ
лавиринтите на образовните и државните институции. Проектот е предвидено да функционира како
советодавен сервис кој што ќе ги информира младите за нивните слободи и права, ќе споделува информации
кои ги засегаат младите и ќе дава одговори што ќе водат кон полесно остварување на нивните права.

Во рамки на проектот е формирана „Инфо – канцеларија за млади” преку која  се нудат offline и online консултациии советувања за млади во три категории:  средно образование,  високо образование  и  млади и  комуникација  со  релевантни органи  и институции  во  области  кои  ги  засегаат  младитe.

Цели на проектот:

  • Обезбедување систематизирани информации за правата и слободите на средношколците и студентите во рамки на образовниот ситем, како и за правата и слободите на младите во целина;
  • Промовирање на младински права и слободи и механизми за нивно практикување во секојдневниот живот;
  • Подигање на свеста за механизмите кои им стојат на располагање на младите преку кои тие можат да ги остварат и заштитат своите права;
  • Премостување на границата помеѓу младите и институциите и подобрување на нивната комуникација со цел намалување на постоечкиот јаз меѓу нив и враќање на довербата во јавните институции;
  • Помагање на младите луѓе во надминување на проблемите и практикување на демократски механизми за решавање на проблемите;
  • Зајакнување на капацитетите на младите во насока на нивно поактивно вклучување во општествениот живот.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: