Се одржа настан за промоција на средношколската заедница од Неготино

Средношколската заедница од Неготино со своја презентација и изложба се претстави пред идните ученици

1Средношколската заедница при СОУ„Св.Кирил и Методиј’“ –Неготино одржа серија на презентации на Отворениот ден на училиштето на 20.05 (вторник) со почеток во 12:30 часот во Холот на СОУ „Св. Кирил и Методиј“– Неготино.

На настанот беа промовирани активностите на Средношколската заедница чија цел беше да обезбеди зајакнување на капацитетите на средношколските форми на организирање како неопходен чекор кон формално основање и признавање на претставничко тело на средношколците.

Секретарот на Средношколската заедница, Стефан Андонов,  зборуваше за начинот на кои се организирани учениците од ова средно училиште, целите на средношколската заедница и придобивките за учениците во училиштето од постоењето на ваква форма на организирање.

Во рамките на настанот се одржаа и 6 презентации на учениците од двете училишта во Неготино (три групи), и училиштата од Демир Капија, Долни Дисан и Градско. По презентациите, на учениците им беа поделени стикери и беше поставена табла со логото на организацијата пред училишната библиотека (местото каде што се одржуваат состаноците на Средношколската заедница).

Средношколската заедница организираше и изложба на тема #selfiesoprofesor на која беа изложени фотогорафии направени од учениците во овој период и објавени на социјалната мрежа Facebook со хаштагот #sznegotino.

Идејата зад оваа кампања беше да се покаже дека и професорите од ова училиште даваат поддршка на идејата за средношколско организирање и учество.Фотографиите беа изложени во холот на училиштето пред учениците и професорите.

Фотографиите од настанот можете да ги погледнете на следниов линк.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: