На 5 јуни (четврток) со почеток во 13:00 часот во просториите на Американското Катче во Струга ќе се одржи трибина посветена на проблемите со кои се соочуваат средношколците и ќе биде промовирана брошурата „Средношколски дилеми и проблеми“.
Трибината ја организира МОФ на тема – „Со какви проблеми се соочуваат средношколците?“, на која ќе се дискутира за проблемите, правата на средношколците и кои се механизмите за заштита на нивните права во случај на повреда.
Трибината е организирана во рамки на проектот „Советодавен сервис за права на млади“, проект кој го спроведува Младински образовен форум поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје, со цел да се покрене дискусија за прашања кои ги засегаат средношколците, каде да се обратат во случај на повреда на нивните права и кој е надлежен да одлучува. Говорници на трибината ќе бидат членови Советодавниот сервис за права на млади, авторите на брошурата како и професори и ученици.
Брошурата која ќе биде промовирана на оваа трибина е посветена на дел од прашањата кои секојдневно си ги поставуваат средношколците и проблемите со кои се соочуваат. Во брошурата се објаснуваат правото на средно образование, статусот ученик, правото на непречено остварување на образованието, како и правото на здружување на средношколците и екстерното тестирање.
На трибината поканети се да присуствуваат сите средношколци кои сакаат да дознаат повеќе за своите права, како и родители, професори и сите активни чинители во средното образование. Истата се организира како втора по ред во рамки на проектот „Советодавен сервис за права на млади“. Целта на проектот е да се обезбеди советувања за млади со цел полесно остварување советувања за млади со цел полесно остварување на нивните права низ лавиринтите на образовните и државните институции. Следната трибина на која ќе се зборува за проблемите со кои се соочуваат и студентите ќе биде организирана на 9 јуни во Тетово.