Организирање, информирање и заштита на правата на средношколците во Македонија
Период на реализација: 15/10/2014– 15/10/2015
Донатор: ФООМ
Краток опис на проектот:
Во Македонија нема доволен број на информации достапни на јавноста; младите луѓе немаат доверба во образовните институции; па дури и кога младите ги знаат своите права, тие не знаат каде да се обратат или што да прават кога нивните права се прекршени. За да се промени ваквата слика, проектот „ Организирање, информирање и заштита на правата на средношколците во Македонија“ предвидува четири клучни етапи:
Советодавен сервис за права на средношколци
МОФ ада ја надополни направениот советодавен сервис за права, ставајќи фокус на правата средношколеците. Главната цел на овој сервис е да им помогнеме да ги заштитат своите права во рамките на образовниот систем, но исто така, да се информираат и едуцираат учениците. Сервисот има цел да дава онлајн советување, да продуцира едукативни и информативни материјали.
Развој на средношколските заедници во 10 средни училишта
7 месечна програма за развој на средношколски заедници ќе се реализира во 10 средни училишта во 8 градови во Македонија [Скопје, Тетово, Велес, Неготино, Гостивар, Струга, Струмица, Битола и / или Кичево]
Создавање и емитување на медиумски содржини
Радио МОФ ќе спроведе збир на медиумски активности, со цел да се обезбеди континуирано и професионално известување, анализа за квалитетот на средното образование, образовните политики, како и правата на учениците и ученичкиот изборен систем.
Теренско истражување на мотивите и причините за насилството во средните училишта
МОФ ќе спроведе истражување кое ќе биде надоврзување на претходни истражувачките активности за насилство меѓу учениците во средните училишта, со цел да се оди подлабоко во причините и мотивите кои се генерира насилство меѓу учениците. Во завршна фаза е предвидена јавна промоција на резултатите и анализите со цел мотивирање на институциите и на општеството во целина за понатамошни активности на ова прашање.