Средношколско организирање: предизвици и искуства

Подготовки за новите закони – искуства и предизвици од средношколското организирање

На 21-ви мај во организација на Младински образовен форум се одржа настанот Средношколско организирање: предизвици и искуства чија цел беше да се отвори простор за дискусија и препораки за унапредување на средношколското демократско организирање. Професори и ученици од 18 училишта од целата држава споделија ставови на оваа тема.

Воведничари на првиот дел од настанот беа: Наталија Кижевска од секторот за средно образование во Министерството за образование и наука, Емилија Петрушевска – педагог во средното училиште „Шаип Јусуф“ и Бисера Шегмановиќ – заменик дете правобранител во средното училиште „Васил Антевски –Дрен“. Во втората половина од настанот, присутните преку работа во две групи разменуваат предизвици но и добри практики помеѓу професорите во една и учениците во друга група.

Наталија Кижевска од МОН сподели дека оваа есен треба да ги очекуваме новите текстови на законите за основно и средно образование„Неопходно е ученичкото учество како во основно така и во средното образование да биде регулирано, треба да образуваме учечници кои ќе ги препознаваат демократските вредности и ќе бидат активни млади луѓе“.

Педагогот Емилија Петрушевска раскажа за работата на ученичката заедница во училиштето „Шаип Јусуф“: Важна ни е соработката со учениците и професорите, а на овој начин, преку заедницата, се трудиме да ги поттикнеме учениците и активно да земат место во средношколскиот живот“

Бисера Шегмановиќ зборуваше за нејзината работа како заменик дете-правобранител: „За жал, учениците не се многу информирани дека постои оваа функција во училиштето. Има многу простор да се зборува за правата и обврските на учениците – за нивно активирање“

Присутните дискутираа за вклучување на учиениците на наставничките совети и нивното својство на овие на средби. Присутните професорите споделија дека првично мора да се работи на другите сегменти на ученичкото учество пред да се премине на нивно вклучување во работата на наставничките совети.

Овој настан е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“ имплементиран од Младински образовен форум, Коалиција СЕГА и Детската амбасада „Меѓаши“, со поддршка од Фондацијата Песталоци.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: