Вчера, 23ти февруари 2012 година, дваесет ученици од пет средни училишта во Скопје ги посетија просториите на Народниот правобранител во Скопје. Тие беа примени од г-дин Иџет Мемети, Народниот правобранител на РМ и заменик Народниот правобранител која работи во областа на детски права г-ѓа Невенка Крушаровска.
На постетата која траеше повеќе од два часа, наменета да ги запознае младите средношколци со работата на Народниот правобранител, преку конкретни примери им се објасни целата процедура на поднесување на претставка како и процедурата за постапување по истата на присутните средношколци. Младите беа поучени дека не мора да се полнолетни за да поднесат преставка до Народниот правобранител кога нивните права се повредени од органи на државната управа или нивни службени лица. Исто така беа поучени за бесплатноста на претставката идека за претставка нема пропишана конкретна форма и може да се поднесе и по маил, телефон, факс или лично се додека не е анонимна. Заменикот Народен правобранител им ги престави нивните права како деца и нивната посебна заштита.
Младите сепак најзаинтересирани беа околу самата функцијата на Народниот правобранител, како се станува Народен правобранител, начинот на организација, „Дали може да се каже дека инстутицијата Народен правобранител е независна во својата работа ?“ праша еден од средношколците. На ова прашање Народниот правобранител детално им објасни на младите дека Народниот правобранител ја контролира работата на Владата а не обратно.
Дискриминацијата како негативна појава, беше втората област на која и се посвети големо внимание. Народниот правобранител ги подучи младите средношколци како да ја препознаат, кои инструменти и механизми им се достапни за да реагираат на истата. Тој неколку пати ја истакна потребата од граѓанско образование во училишниот систем, кој би ги запознал младите со своите права и слободи, а тоа е единстевниот пат кон свесни и активни граѓани кои ги познаваат своите права и креираат демократско општество.
Покрај оваа посета во изминатиот период младите остварија посета во Град Скопје и општина Радовиш, општина Штип, општина Струга и општина Тетово.
Овие посети имаа за цел за доближување на институциите до младите, како проблем кој беше детектиран од истражување на МОФ „Социјалниот капитал на македонскиот средношколец“ кој укажа на фактот дека 84 проценти од средношколците никогаш немаат посетено општинска/државна институција.
Оваа активност е дел од проектот „Младите практикуваат владеење на право“ кој е подржан од Амбасадата на Соединитете Американски Држави во Скопје.