На ден 15.06.2015 година (понеделник) средношколците од средните училишта СУГС гимназија „Цветан Димов“, СУГС гимназија „Зеф Љуш Марку“, средношколците од Учиме право клубот Ромаверзитас како и средношколците од Учиме право клубот од МОФ учествуваа во симулација на судење за случајот „Државата против Скаловски“, при што самите тие беа ставени во улоги на адвокати, обвинители, судии, сведоци и вештаци.
Се работи за случај од кривичното право каде јавното обвинителство поднесува кривична пријава против сопственикот на фабриката на корпорацијата за фабрикување со алуминиум „Флиндерс“, како и една од неговите соработнички за организирање за уништување на фабриката со цел да ги добијат парите од осигурувањето врз основа на полисата за осигурување во случај на пожар. Акцентот на симулацијата е ставен на главната расправа како централен стадиум од кривичната постапка, која беше изведена во согласност со новиот закон за кривична постапка од 2013 година.
Овој настан се одржа во општинската сала во Чаир, а за негово поминување во најдобар ред општината обезбеди преведувач кој симултано преведуваше при давањето воведни и завршни говори, како и при директното, вкрстеното и дополнителното испрашување на сведоците, од страна на обвинителите и адвокатите.
На крајот на настанот добивме осудителна пресуда при што првообвинетиот Скаловски беше осуден на 18 години затвор, а неговата соработничка беше осудена на три години затвор. Судот ги поучи обвинетите за нивното право на жалба како и правото на одговор на жалба.