Средношколците од Струга во посета на Основниот Суд

„Учиме право“ клубот, во состав на Младинскиот образовен форум, на ден 11. 05. 2015 г. оствари посета на Основниот Суд во Струга, предвидена во годишниот курикулум на програмата.

При оваа посета присуствуваа десет ученици од СОУ „ Нико Нестор“ – Струга, кои се членови на МОФ, заедно со нивниот предавач Деспина Влаќеска, студент на Правен факултет.

Во судот беа примени од судија Климентина Голабоска – Савеска, која како искусен судија што во текот на својата кариера работела на граѓанска, кривична и прекршочна материја на учениците исцрпно им објасни за работата на судот, неговите надлежности и тоа како во праксата се имплементира процесното право изразено во кривична, граѓанска и прекршочна постапка што е во надлежност на судот.

Учениците беа во можност да слушнат и примери од судската пракса, што судијата на јасен и концизен начин ги образложуваше.

Патем, учениците присуствуваа и проследија  судење, за кое со закон беше дозволено присуство на јавност, а истото беше од прекршочната област каде стануваше збор за прекршок од сообраќаен карактер, согласно Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: