На ден 13.06.2015 година (сабота) со почеток во 17 часот во просториите на МОФ клубот во Велес се одржа симулација на случајот „Заборави ако можеш“. Овој случај е од областа на кривичното право и осумте средношколци од Учиме право клубот се обидоа да ги прикажат улогите на обвинителите, адвокатите, судијата и сведоците на начин предвиден во новиот закон за кривична постапка од кој стапи во сила во 2013 година.
Се започна со воведни говори на двете страни по што беа ислушани и испрашани сите сведоци, вештото лице и обвинетите. Главната расправа траеше скоро два часа, по што судот се повлече да ја донесе пресудата.
Пресудата беше осудителна за првообвинетиот и за второобвинетиот за повеќе кривични дела предвидени во КЗ и тоа: Засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос според чл.418, Трговија со луѓе 418-а, Криумчарење мигранти чл.418-б, Организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти чл.418-в, Телесна повреда чл. 130, Помагање на сторител во извршено кривично дело чл. 365 и Непријавување на кривично дело чл. 364.Судот ги поучи обвинетите за нивното право на жалба во рок од 15 дена по приемот на пресудата.