
Средношколците беа заинтересирани за работата на Советот на Град Скопје и за тоа како истиот одлучува за прашањата од јавен интерес. Покрај одлучувањето, тие ги прашуваа вработените како да ги препознаат комуналните редари, кој е одговорен за безбедност на спортските натпревари, како се формираат крајните оценки на учениците и кој е критериумот за да добијат бесплатен ученички превоз.
По посетата на Град Скопје средношколците ќе остварат посета и во канцеларијата на Народниот правобранител.
Оваа активност има за цел ги доближи младите до локалните власти и институциите, со цел да се запознаат со начините како да им пристапат во остварување на своите права и решавање на младинските проблеми. Истражувањето на МОФ „Социјалниот капитал на македонскиот средношколец“ укажа на фактот дека 84 отсто од средношколците никогаш немаат посетено општинска/државна институција.