Дебатната програма како една од главните активности на Младински образовен форум нуди едногодишни обуки по дебата и аргументирано изразување. Обуката се спроведува во 13 града низ државата, во кои се одржуваат дебатни предавања еднаш неделно и е наменета за средношкоци кои се заинтересирани да ги подобрат нивното аргументирано изразување и критичко размислување.
Што всушност е дебата?
Поимот дебата за нас има различно значење од оној кој што го употребуваме во секојдневните активности. На активностите со кои се среќаваме секојдневно повеќе прилегаат термините дискусии, расправии, полемики, коментари и слично.
Дебатата како едукативен метод и како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни!
Кои се придобивките од членување во дебатен клуб?
Покрај официјалниот дел од обуката која е бесплатна, се одржуваат и многу дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници. Ова се само дел од настаните на кои ќе можете да научите аргументирано и структурирано да се изразувате, да ја подобрите вашата способност за јавно говорење , да запознаете многу млади ентузијасти како вас, да посетите земји во кои досега не сте биле , да организирате настани и јавни дебати и секако многу да научите на еден неформален и исклучително забавен начин.
Ова е одлична можност, каде да се пријавам?
Доколку ова ти се допадна, можеш да се пријавиш со пополнување на апликацијата