Барај
Close this search box.

Средношколците не се чувствуваат безбедно – Марш за толеранција

МОФ денес се приклучи на Маршот за толеранција, под мотото “Македонија има љубов за сите – насилството не почнало и нема да заврши со мене”, организиран и поддржан од повеќе граѓански организации.

Младински образовен форум (МОФ) е сериозно загрижен заради трендот на зголемување на насилството меѓу младите и врз младите во главниот град, Скопје. Последното истражување на МОФ покажува дека младите во Скопје не се чувствуваат безбедни и дека насилството е појава која младите ги става во позиција на страв.

Имено, согласно податоците кои ги обезбедивме со методолошко истражување, 52,3% од средношколците во Скопје само понекогаш се чувствуваат безбедно во автобус19% никогаш, а во исто време, 49,3% од средношколците од Скопје сметаат дека е лесно и релативно лесно да се набави пиштол.

ДИСКУСИЈА НАМЕСТО НАСИЛСТВО е пораката која МОФ континуирано ја испраќа до институциите, партиите, професорите, родителите и младите во Македонија. Се согласуваме дека е неопходен сeопфатен општествен ангажман за намалување на насилството меѓу младите и граѓаните, но во исто време сигурни сме дека овој процес треба да го поведат токму политичарите, лидерите на политичките партии и народните претставници кои добиле голем број гласови на последните локални, парламентарни и претседателски избори.

Почитувани партиски лидери и народни претставници, во вас е моќта да иницирате општествен ангажман на сите граѓани со цел младите веќе да не бидат подложни на насилство и да се чувствуваат безбедно во автобусот во кој се возат до дома.

Во текот на следните месеци, МОФ  најавува објава на целосни резултати од истражувањето на тема “Насилство меѓу средношколци во Скопје и Македонија”.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: