По неколку години пауза, со особено задоволство ја најавуваме Станица: Студентска 8, целодневен настан наменет за студенти, но и сите останати заинтересирани млади.

Станува збор за настан кој има за цел промовирање на активностите на и за студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и организирање. Истиот претставува можност за студентите да ги споделат своите знаења со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области од нивен интерес. Дополнително, студентите ќе можат директно да се запознаат со работата на студентските, младинските и организациите за млади и начините како би можеле да им се приклучат.

Станица: Студентска 8 ќе се одржи на 03.05.2023 година (среда), од 12:00 – 17:00 часот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предвидени се отворени предавања на интересни и актуелни теми, како вештачка интелигенција, започнување на свој бизнис, права при контакт со полиција, како е да се биде млад автор, како и помирување и градење на мирот во регионот.
Дополнително, ќе имаме и работилници за цртање на платнени торби, одржување на велосипеди и истражување на пештерите низ нашата земја.

Агенда за настанот:

I Предавања

ПРВ ДЕЛ 12:00 – 13:00

ПЕРОН 1: Првите чекори за отпочнување на глобален стартап од Македонија – Игор Маџов, Претседател на Стартап Македонија и ко-основач на Nest-Group
ПЕРОН 2: Потенцијали и ризици на вештачката интелигенција и Chat GPT – Проф. Ѓорѓи Маџаров, Професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

ПАУЗА 13:00 – 13:30

ВТОР ДЕЛ 13:30 – 14:30

ПЕРОН 1: Градење на мир и помирување: Од Украина до Балканот – Проф. Ана Чупеска, Професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“
ПЕРОН 2: Писателствувањето како процес и бидувањето писател во Македонија – Јован Илиески, писател и психолог

ПАУЗА 14:30 – 15:00

ТРЕТ ДЕЛ 15:00 – 16:00

ПЕРОН 1: Права и должности на млади при контакт со полиција – Јанаки Митровски, адвокат

ПЕРОН 2: Спелеологијата и пештерите во Македонија – можност и предизвик за млади истражувачи од различни области – Александар Стојаноски, апсолвент на Институт за географија при ПМФ, спелеолог

II Работилници

15:00 – 17:00
ПЕРОН 3: Велосипедска работилница на отворено – Педала

12:00 – 14:00
ПЕРОН 4: Работилница за цртање на платнени торби – Ана Трајковска, визуелна уметница

12:00 – 17:00
ПЕРОН 5: Саем на организации

15:00 – 17:00
ПЕРОН 6: Chill zone со DJ set

Следете нè на социјалните мрежи на МОФ за повеќе информации во текот на следниот период и ве очекуваме!

Настанот е во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со поддршка од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: