Младински образовен форум со задоволство ве поканува на првиот настан по повод одбележувањето 20 годинишнината од основањето на организацијата – „Станица Студентска 7.0″
На 23 април 2019 (вторник) со почеток во 12:00 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ сите млади луѓе, студенти и останати заинтересирани ќе имаат можност да посетат алтернативни предавања, да се информираат и зачленат во младински и студентски организации, да учествуваат во работилници и да разменат искуства и идеи.
Во склоп на „Станица: Студентска 7.0“ е организиран саем на дваесет младински организации, а покрај тоа ќе се одржат различни интересни предавања и работилници од страна на студенти, професори и експери, како и целодневна “чил зона“ организирана заедно со „Board game café Samo”.
Програма за „Станица: Студентска 7.0“.
Перон 1: Саем на студентски и младински организации
Перон 2: Чил Зона со „Board game café Samo”.
Перон 3:
12:00 – „Соларен потенцијал на РСМ – индивидуално и индустриско ниво“ – Ведран Симовски, Ангела Најдоска, Војдан Андонов и Дејан Димитриев, студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии;
13:00 – „Вакцини современ јавно здравствен проблем“ Ана Мицевска и Софиа Колева, Македонска Медицинска Студентска Асоцијација, под менторство на проф. др. Владимир Трајковски од Филозофски факултет, и претседател на Македонското научно здружение за аутизам.;
14:00 – „Како да си направиш пиво“ – Емилија Кавазова и Валентина Велкова, студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна;
15:30 – „Вашите права при претрес на улица“ – Адвокат Јанаки Митровски;
16:15 – „Иднината на човештвото и вештачката интелигенција“ – Д-р Игор Трајковски;
17:15 – „Експериментот на Милграм: покорност кон авторитет“ – Владимир Петрушевски.
Перон 4:
11:15 – „Multi-potential“ – Леана Таќи;
13:00 – „Неформалните институции и демократијата“ – Проф. Д-р Ненад Марковиќ;
14:00 – „Демократија и револуција“ – Проф. Д-р Ристо Солунчев;
15:30 – „Треба ли да стравуваме од модерната технологија и вештачката интелигенција- филозофски дилеми“ – Проф. Д-р Владимир Давчев.
Настанот е поддржан од Фондациите Отворено општество во склоп на „Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено општество“