Станица: Студентска

Настанот  Станица: Студентска е целодневен студентски настан кој МОФ го организира секоја година. На Станица: Студентска студентите и сите други посетители може да посетат предавања, работилници, панел дискусии, презентации на истражувања, изложби и неодминливот саем на студентски организации. Преку овој настан МОФ го поттикнува студентското организирање, истражувачката работа и квалитетно високо образование.

Станица: Студентска е настан отворен за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да посетат современи предавања кои ретко имаат можност да ги следат на нашите факултети, да се информираат за организациите кои се отворени за нив, да учествуваат во работилници, да се запознаат со нови истражувања и да разменат искуства и контакти. Во рамки на Станица: Студентска се организирани дискусии со студенти од Македонија и други земји за студентското организирање, првата изложба за трошоците за јавните набавки на нашите универзитети и првата тура на „Студентско Скопје“ каде низ предавање во автобус се посетуваат клучните локации за студентите.

Станица: Студентска се организира од 2012 година па наваму. Клучни партнери на Станица:Студентска се студентските организации посветени на својата работа, кои ги држат штандовите и дел од работилниците  и предавањата на настаните.  Досегашни локации на Станица: Студентска се: Мала станица, Национална универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Јавна соба и Филозофскиот факултет на УКИМ.

Станица: Студентска 7.0 – 2019 // Станица: Студентска 6.0 – 2018  // Станица: Студентска 5.0 – 2017

Станица: Студентска 4.0 – 2016 // Станица: Студентска 3.0 – 2014 // Станица: Студентска 2.0 – 2013

Станица: Студентска 1.0 – 2012

Сподели