Фондацијата отворено општество Македонија, во партнерство со Кембриџ фондовите за странство, нудат извонредна можност на студентите да студираат на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, преку заеднички финансирана стипендиска програма – Фондацијата отворено општество / Кембриџ Стипендии.
Кој може да аплицира?
– граѓани и жители на Македонија
– кандидати кои сакаат да студираат една година постдипломски студии во следниве насоки:
1. Conservation Leadership
2. Environmental Policy
3. Environment, Society &Development
4. Gender Studies
5. Public Health
6. Development Studies
7. Law
8. Education
Кои се главните критериуми за добивање на стипендија?
– интелектуална способност и лидерски потенцијал
– висок просек
– аплицирање до крајниот рок и добивање прием на Универзитетот во Кембриџ
– одлично познавање на англискиот јазик
– намера да се вратите во Македонија по завршување со студиите во Кембриџ
Краен рок за аплицирање во Македонија: 15 Ноември 2012
Локален претставник во Македонија:
Младински образовен форум – МОФ
Ул. „Дренак“ 34 А, Кисела Вода
1000 Скопје, Македонија
+ 389 2 3139 692
www.mof.org.mk
Лице за контакт:
Бојана Низамовска
Email: aec@mof.org.mk