Civil Society Scholar Awards (CSSA) стипендираат меѓународна академска мобилност со цел да им овозможат на докторантите и универзитетските кадри пристап до ресурси кои потпомагаат социјално ангажирани и критички истражувања.
Стипендиите се отворени за следниве академски профили:
- Докторанти од прифатените области, кои студираат на акредитирани универзитети во или надвор од нивната матична земја;
- Академски кадар со полно работно време, кои предаваат на универзитети во нивната матична земја;
Стипендијата поддржува краткотрајни, меѓународни академски проекти, како: теренска работа (собирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмет/програма; меѓународни истражувачки соработки кои водат до рецензирани публикации.
- Времетраење на проектот: од 2 до 10 месеци
- Датум на реализација на проектот: 1 август 2015 – 31 август 2016 година
- Дозволен максимум на барање за стипендија: Докторанти: 10000 дол; факултетски персонал: 15000 дол.
- Краен рок за аплицирање: 02.03.2015
За повеќе информации околу критериумите за аплицирање прочитајте ги деталните насоки и често поставувани прашања, достапни во следните документи
Конкурс за стипендиите (македонски)
OSF CSSA – announcement 2015-2016
OSF CSSA – Guidelines – 2015-16
и на: www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards-20141212
Контакт за дополнителни прашања:
Младински образовен форум – МОФ
Ул. Дренак 34 А, Кисела Вода
1000 Скопје, Македонија
Тел: +398 2 3139 692
Лице за контакт: Бојана Низамовска
email: aec@mof.org.mk