Стоп за корупцијата – кампања за транспарентно високо образование

Врски, препишување, непотизам, мито и корупција, притисоци се најчесто присутните форми на корупција во високото образование. Регулативата која се однесува на механизми и санкции за нивно спречување може да придонесе до одреден степен за спречување на овие негативни појави, но вистинските промени доаѓаат со промената во свеста на студентите, професорите и останатите членови на универзитетската заедница.

Покрај зачестеното присуство на различните форми на корупција во образовните системи, позагрижувачки факт е високото ниво на толеранција кон овие негативни појави кое го имаат подеднакво сите членови на академската заедница.Без промена во свеста и прифаќање на академската одговорност и етичките норми кои важат на универзитетите, не е можно да се успее во изградбата на образовни системи кои се ослободени од овие негативни појави и нивните ефекти.

Со цел да ги потсети студентите и професорите дека во нивното секојдневно однесување треба да ги применуваат етичките норми и стандарди, Младински образовен форум стартуваше кампања под мотото “Стоп за корупцијата- вклучи се за образование без корупција“. Студентите кои се залагаат за високо образование без академски плагијат во семинарските и истражувачките трудови, без препишување на испити и колоквиуми и без врски во уписите и доделувањето на стипендии може да ја дадат својата поддршка за кампањата и понатаму забелешките од предавањата да ги фаќаат во “тетратките кои не поддржуваат корупција“, а тестовите да ги полагаат со моливчиња кои “не толерираат препишување“.

Кампањата започна со дводневен настан (16 и 17 мај) на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово , кој е партнер на Младински образовен форум во спроведување на активностите на проектот Транспарентност во образованието (ТЕН), поддржан од USAID и Education Development Center. Фотографии од настанот може да погледнете на линкот. 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: