На ден 02.07.2015год (четврок) во просториите на МОФ се одржа работилница за стратешко застапување која беше наменета за млади правници, а како фасцилитатори беа преставници на Македонскотото здружение на млади правници (МЗМП). На работилницта присуствуваа петнаесетина предавачи по Учиме право, а на истата беа поканети и други членови на МОФ кои се студенти на правни студии. Учесниците на работилницата научија како да ги штитат човековите права и слободи.
Цел на работилницата е да се запознаaт студентите по право со значаењето на правниците како бранители на маргинализираните и ранливите групи на граѓани.
Учесниците на работилницата се запознаа со поимот стратешко застапување како алатка кое претставува застапување на поединечен предмет со цел постигнување поширока општествена промена.
Тие се запознаа повеќе со практичните примери на вообичаените повреди на човековите права кои ги засегаат граѓаните на Р.М и кои се предизвиците на нивна заштита. За да на крај, сите да учестуваат во симулација на рочиште во граѓанска парница за случај на припадници на малцинска група кои не ги пуштиле да излезат од државата со што се кршат уставните одредби за слобода на влез и излез од државата и се врши дискриминација врз оснив на етничка припадност. На крајот на работилницата учесниците добија сертификат за учество.