Младински образовен форум спроведува дебатна програма на студентските дебатни клубови на неколку факултети во Скопје. Со зачленување во некој од студентските дебатни клубови добиваш шанса да посетуваш едногодишна бесплатна обука по дебата.
Покрај официјалниот дел од обуката, се одржуваат и многу дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници.
Што е дебата?
Дебатата како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни.
Што доколку се зачленам во дебатен клуб?
Членувањето во Студентски дебатен клуб е одлична можност да ги подобрите вашите вештини за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување , да запознаете нови млади луѓе, да патувате на многу дебатни турнири во странство како и да организирате многу настани, работилници и јавни дебати.
Каде да се пријавам?
Доколку сакаш да станеш член во некој од Студентските дебатни клубови пополни ја следнава апликација
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024
23/09/2024