Студентите ги кажаа своите проблеми на #Суперстудент

1

На настанот во организација на Младинскиот образовен форум, беше поставено и стрип пано пред кое студентите можеа да се фотографираат како студентски лидер и да испишат порака, што би направиле ако се дел од студентската организација која е претставник на сите студенти.

„Идејата на настанот е студентите да кажат што тие би направиле кога би биле студентски лидери. Иако голем дел од студентите се уплашени да говорат пред камера, имавме квалитетни изјави од оние кои беа решени да се вклучат во кампањата и да проговорат за правата на студентите“, рече Петар Антевски, активист во МОФ.

На сите оние кои понудија интересни креативни решенија за подобро обазованиеќе, им беа поделени торбички и маички со креативни натписи. „Супер студент“ продолжува и утре на платото кај Машински факултет од 11 часот.

23

Сподели