Студентите од „Меѓународниот балкански универзитет“ креираа ПР стратегија

Вчера во просториите на Младинскиот образовен форум (МОФ) студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ (МБУ) на Факултет за комуникации, од отсекот за односи со јавност присуствуваа на неколкучасовна работилница за креирање ПР стратегија. Презентацијата беше дел од практичната настава која редовно ја организира овој универзитет.

Во рамките на презентацијата, триесетината студенти преку искуствата на членовите од МОФ учеа како да ги искорист радиото, видеото и пишаните медиумите за ширење на нивната порака. Бранкица Георгиевска, задолжена за односи со јавност во МОФ им ја објасни важноста на комуницирањето, но им даде и повеќе совети како во иднина треба да создаваат една целосна ПР стратегија. Стефан Алексиќ координатор во Радио МОФ, пак се задржа на важноста на радиото како медиум.

Целта на мојата презнтација беше да објаснам како го создадовме радиото и како привлекуваме публика. Сметам дека нашето искуство, посебно во делот на ПР би можело да биде мошне корисно за овие студенти“, истакна Алексиќ.
Како што истакнаа студентите, за нив најкорисно беше тоа што добија совети кои ќе може да ги употребуваат во иднина.

Презентацијата беше мошне интересна за нас како студенти на односи со јавност. Слушнавме доста интересни работи за тоа како се креира ПР извештај, за комуникацијата со медиуми, за работите кои засега ги учиме во теорија, но кои понатаму ќе ни бидат мошне потребни во практичната работа“, изјави Бојана Крстевска, студент во втора година на МБУ.

Во рамките на работилницата студентите изработија кратко видео:

;и радио џингл:

[Promo] Radio jingle za IBU by Radio Mof on Mixcloud

 
„Меѓународниот балкански универзитет“ честопати организира вакви презентации, со цел да ја доближи практичната работа до студентите. Освен последната работилница во просториите на МОФ, презентации за студентите по односи со јавност редовно се прават од познати ПР експерти и предавачи во рамките на предавањата и на самиот факулет.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: