Период на реализација: 15.09.2012 – 15.06.2013
Донатор(и): Фондација Отворено општетство – Македонија
Краток опис на проектот: Студентите за студентскиот плурализам е проект кој цели да ја зголеми информираноста на студентите за студентските организациии и можностите кои ги нудат, како и да го промовира плурализамот во студентското организирање.
Во рамките на проектот креиран е првиот Регистар на студентски организации и веб страна каде се претставени портфолијата на студентските организации од Скопје, како и информации за како и каде можат да се вклучат студентите (www.studentski.org).
За промоција на студетските организации и Регистерот на студентски организации беше реализиран првиот саем на студентски организации, каде што сите организации имаа можност преку работилници и презентации да ја промовираат сопствената организација.
Со цел за промовирање на плурализмот во студентското организирање во рамките на проектот предвидени се 5 трибини на факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, креирање на документарен филм за студентското организирање, конкурс за видео, текст или фотографија и настан за денот на „Св. Кирил и Методиј“.
Регистерот на студентски организации можете да го преземете тука.