Барај
Close this search box.

Студентски акции во студентските домови

Младински образовен форум во рамките на проектот „Студентски домови без корупција“ објавува повик за предлог-концепти за креирање студентски акции за подобрување на условите во државните студентски домови. Повикот е наменет за студентите кои престојуваат во државните студентски домови: ДСД „Стив Наумов“, ДСД „Гоце Делчев“ и ДСД „Кузман Јосифовски- Питу“.

Повикот има за цел да ги поддржи студентите во реализација на нивните студентски акции од различен карактер за подобрување на условите за престојување во домовите. Доколку сметате дека преку акцијата можете да ја подобрите состојбата на домовите, аплицирајте со свој предлог-концепт согласно насоките од овој повик. Организацијата на избраните студентски акции ќе биде помогната од ментор кој ќе работи со тимовите.

МОФ ќе ги поддржи најдобрите предлог-концепти кои се однесуваат на барем една од наведените области:

  • Реновирање и ревитализирање на постоечките објекти и простории во студентските домови;
  • Создавање на нови простори кои се од корист на студентите;
  • Подобрување на животната средина во студентските домови;
  • Подобрување на студентскиот стандард преку образовни и културни активности.

На повикот може да се пријават тимови од студенти кои престојуваат во некој од студентските домовите, составени од најмалку 3 членови. Членовите на тимот ќе поминат циклус обуки за развивање и подобрување на предлог-концептите. Студентите од тимот што ќе аплицираат со предлог-концепт потребно е да се станари на студентскиот дом каде би сакале да ја реализираат студентската акција.

Во рамките на повикот ќе бидат избрани шест најдобри предлог – концепти, по два предлог-концепти за студентски акции по студентски дом. Настаните ќе се реализираат во месец мај  2019. Буџетот за секој од избраните предлог – концепти за акција изнесува максимум 43.000 денари. Сите тимови ќе работат со ментор ангажиран од страна на МОФ, кој ќе ги води низ процесот.

Сите заинтересирани тимови можат да се пријават најдоцна до 24 април 2019 година (среда), преку испраќање пополнет предлог – концепт и предлог буџет за акцијата на следниов мејл: martina_ilievska@mof.org.mk и bojana_nizamovska@mof.org.mk.

Апликацијата за предлог – концептот и предлог буџетот можете да ги презетме од тука

Лице за контакт:
Мартина Илиевска,
Програмски координатор
martina_ilievska@mof.org.mk
02/3139 692

„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.“

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: