Студентски клубови во три Државни студентски домови во Скопје
Младински образовен форум, во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ во месеците март и април организира циклус обуки за Студентските клубови во Државните студентски домови. Обуките ќе се одржат во периодот од 13.03 2019 – 18.04 2019 во рамки на Студентските клубови во Државните студентски домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“.
Обуките се на следните теми:
Обука за Студентски права и студентско организирање;
Обука за Младински активизам и организација на настан;
Обука за Јавно говорење.
Обуките имаат за цел да ги запознаат студентите со концептот на младинскиот активизам, основите на организирањето на настани, локални акции, студентските права и студентското организирање, како и елементите на јавно говорење и да ги инспирираат самите да размислуваат за интервенции во нивните локални заедници.
Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на слениот линк. Обуките се отворени за сите студенти кои престојуваат во некој од студентските домови, а времетраењето на една обука е 2 часа.
По циклусот на обуки, ќе биде отворен повик за студентски иницијативи кои ќе се спроведат во рамки на Државните студентски домови – „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“.
Доколку имате прашање можете да не контактирате на 02/3139692 или на: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk
Распоред на обуките:
„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество- Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество- Македонија.“