Каков студентски парламент заслужуваме? Дали студентското организирање какво што е моментално ги штити и се бори за студентските интереси и права? Што се дискутира на седниците на студентскиот парламент? Го знаеме претседателот, но кои се парламентарците? Ова се само дел од прашањата кои ги постави денес Младински образовен форум со акцијата симболично насловена “Студентскиот живот не е куклена претстава“ која точно на пладне се оддржа на улица Македонија.

Од левата страна на платото пред Дом на АРМ седница оддржа студентскиот парламент каков што е во сегашноста, со анонимни ликови, гласање без дискусија, нетранспарентно и без отчет.  Од десната страна на платото беше симулирана седница на студентски парламент каков што посакуваат студените. Разнобојни маици како симбол на различноста на интересите, кренати раце за дискусија, поставување на дневен ред на сите горливи проблеми на студентскиот живот, парламент во кој секој има право на глас и право да биде слушнат.

За сите минувачи по улица Македонија  јасна беше разликата помеѓу реалноста и идеалот во студентското организирање. Пораката која со акцијата “Студентскиот живот не е куклена претстава“ беше пренесена е дека на студентите им е доста од тоа да бидат нечии марионети. Воедно, се промовираше и Декларацијата за промени во студентското организирање зад која застанаа многу студентски организации. Декларацијата повикува на создавање на неполитизиран, независен и стабилен студентски систем.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: