На 15-ти ноември 2019 година триесетина членови на клубовите Артивизам на програмата Младински активизам на Младински образовен форум учествуваа во студиска посета на медиуми организирана од МОФ и Радио МОФ.
Во рамки на истата младите членови имаа можност да ги посетат телевизијата 24, магазинот Портрет и Радио МОФ. Целта на посетата беше младите членови да имаат можност да се запознаат со функционирањето на медиумите, важноста на професијата, секојдневните предизвици и одговорностите на медиумот кон нивната целна публика.
Посетата е дел од проектот „Fostering Youth Activism through Online Media“ поддржан од National Endowment for Democracy.