ИДЕА форумот за млади е најголемиот и најважен настан во организација на ИДЕА, меѓународната дебатна организација. Форумот секоја година е организиран во различна држава, и секоја година и од неговото прво издание во 1995 година, нуди незаборавни искуства на повеќе од 2.000 средношколци од повеќе од 40 земји. Дебатерите имаат можност да изградат непроценливи вештини како критичко размислување, истражување, комуникација и јавно говорење.
Турнирот се состои од неколку делови. Првиот е официјалниот Карл Попер турнир во кој се натпреваруваат национални тимови од сите земји учеснички. По овој дел, следува турнирот на мешани тимови, каде од сите учесници се формираат мешани тимови на овој начин дебатираат. Покрај сите дебати кои се одржуваат се случуваат и голем број на работилници кои ги држат интернационални тренери на различни теми.