Барај
Close this search box.

На 25 јуни во Неготино, дебатниот клуб на Младинскиот образовен форум организираше завршен настан на дебатниот клуб, јавна дебата наречена #thefinale. Овој настан се одржа во Центарот за регионален одржлив развој.

На јавната дебата членовите на дебатниот клуб, како и други заинтересирани млади лица ја проследија дебатата на теза: „ФИФА Светскиот куп е добра инвестиција за земјата домаќин“.

Поделени во два тима афирмативен и негациски, дебатерите ги изнесоа своите ставови. Афирмативниот тим беше составен од Емилија Грнчарова, Марија, Јаневска и Благоја Тодоровски, додека пак, негацискиот тим беше составен од Јордан Лазов, Јане Степанов и Софија Илиевска. Дебатерите на оваа дебата презентираа доста интересни аргументи и факти, но и ги побиваа туѓите аргументи.

Афирмативниот тим го бранеше ставот дека од Светското првенство профитираат сите земји домаќини до сега и како резултат на истото постојано аплицираат за да бидат земји домаќини на овој реномиран настан. Негацискиот тим тврдеше дека овој настан претставува огромен трошок за една држава, кој резултира со намалување на економската моќ после завршувањето на истото, како и дека СП е градење на непотребни објекти, кои во иднина нема да се користат и да даваат профит.

Дебатата беше судена од страна на предавачот на дебатниот клуб, Стефан Андонов, со поддршка од двајца судии помошници, Стефан Ристовски и Димитри Самандов. После дебатата, судиите и присутната публика одлучија и изгласаа победа на афирмативниот тим, додека најдобри говорници на дебатата беа Марија Јаневска и Јордан Лазов кои имаа ист број поени.

Оваа дебата беше емитувана во живо, и истата може да се погледне на следниов линк, додека пак повеќе фотографии од настанот се објавени на фејсбук страницата на ЦРОР

На крајот на настанот беше организирана мала забава за присутните дебатери и гости, на која беа доделени 23 сертификати за најактивните дебатери на Неготинскиот дебатен клуб за учебната 2013/14 година.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: