Тим од Младински образовен форум и оваа година се натпреварува на Светското on-line дебатно првенство

 Младинскиот образовен форум и оваа година учествува на Светското on-line дебатно првенство World online debate championship.
Првенстовото започнa на први август и трае до крајот на септември. Во изминатите 2 години над 30 тимови од Источна и Западна Европа, Северна и Јужна Aмерика, Африка и Азија дебатираа на тези околу еутаназија, тероризам, вегетаријанство, брак, алкохол, дроги, комар, интеграција, животната средина итн. 

Дебатите се водат на aнглиски јазик според однапред утврдени правилата. Судиите се поранешни светски шампиони, дебатери со големо искуство и организатори на реномирани дебатни турнири. 

Моментално македонскиот тим дебатира против тимот од Нигерија на тезата: Constitutions Should Not Give Special Recognition To Minority Groups.

Македонскиот тим е составен од:

·Петар Димитров (тренер)

·Огнен Јакасановски

·Марија Тодоровска

·Ѓорги Димески

·Милка Геровска

·Петар Антевски

·Теодора Столевска

·Елена Мицајкова

·Марија Гелмановска

·Сара Каевиќ

Годинава триесет и два тима од триесет и две држави се борат за титулата светски шампион. 

Сподели