Тимот „Оревите“ го освои првото место на Онлајн националното дебатно првенство 2021

Изминатиот викенд, односно од 23 до 25 април се одржа Онлајн националното дебатно првенство 2021.

Првенството се одржа на две платформи со цел да може да се одржи компетитивниот дух, но и да им се овозможи на дебатерите да се дружат и да комуницираат меѓу себе. На првенството учествуваа повеќе од 40 дебатери кои дебатираа на петте прелиминарни рунди.

Главната теза на првенството гласеше „THW lift all COVID-related patents“ (such as, but not limited to, ones relating to vaccines, treatments, and technologies).

Дебатерите имаа и две прелиминарни рунди на кои се дебатираше на импромпту теза, што значи дека тие имаа 40 минути да припремат случај и аргументи за тезата.

Двете импромпту тези гласеа „Тhis House supports the shaming of individuals as a tactic for social movements to catalyse change (e.g. shaming individuals for not taking environementally sustainable actions, shaming individuals for violating lockdown/quarantine policies)“ и „This house regrets the decline of the tightly integrated family“, дебатирани во третата и четвртата прелиминарна рунда.

Најдобрите четири тимови продолжија и во полуфиналето каде дебатираа на тезата „This House would choose the job they are passionate about“.

Во финалето продолжија тимовите „Оревите“ и „The Bait“ кои извонредно дебатираа на главната теза на турнирот. По големо размислување од панелот на судии, го добивме победникот на Националното дебатно првенство 2021, „Оревите“, составен од Леонардо Змајшек, Лука Кадриќ и Митко Неданоски.
Второто место го земаа дебатерите на „The Bait“, составен од Анастасија Саша Тофоска, Марко Ингилизов и Георгина Петреска.Додатно, на првенството ги добивме и петте најдобри говорници кои ќе ја имаат можноста да одат на Светското првенство во дебатниот формат „World Schools“ организиран од Макау, Кина. Најдобрите пет говорници се:

Леонид Сајков
Георгина Петреска
Љубен Атов
Фросина Кекеновска
Карла Станков

Наградите на Националното дебатно првенство 2021 се поддржани од АРС Ламина и Литература.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.