Барај
Close this search box.

Тимови дебатираа за вклученоста на младите во политичките одлуки

Во Младинскиот културен центар на 31 јануари 2020 се одржа меѓународен културен настан во организација на Младински Сојуз Крушево во соработка со Младински Образовен Форум, беше одржана јавна дебата на која се зборуваше за улогата на младите во носењето на политички одлуки во своите земји и регионот, дали тие се соодветно интегрирани во процесот на носење политики и до кој степен може нивното влијание и вклученост во овој сектор да се зголеми.

Дебатата се одвиваше помеѓу мешани тимови составени од дебатери, членови на МОФ и АУЕБ дебатното друштво од Грција.

Афирмативната страна на оваа дебата беше претставена од Нефели Васиу, Константинос Антонаропулос и Весела Трајкоска додека пак на спротивната страна, негацискиот тим го сочинуваа Бисера Самарџиева, Вангел Ѓорѓиев и Олга Шевцова.

Тезата, која гласеше ‘ОДВД младите треба да бидат вклучени во носењето на одлуките во државата уште од мала возраст’, имаше за цел да ги објасни проблемите со кои младите во регионот се соочуваат како низок младински стандард, односно квалитет на живот, невработеност, загадување, квалитет на образование и дали, односно како, интегрирањето на младите во носењето на политичките одлуки може да ги совлада овие проблеми.

Форматот во кој се дебатираше сочинуваше вкупно шест говори, односно секој од дебатерите имаше по шест минути да го преентира својот случај и да ја одбрани соодветната страна.

Покрај стандардните говори, во дебатата беше вклучен и мал период од 15 минути отворен за прашања од публиката. За време на овој период, гледачите можеа да ги постават сите свои прашања, ставови, мислења и нејаснотии поврзани со тезата која се зборуваше, а тие беа одговорени од страна на шесте говорници.

Дебатната програма на МОФ цели кон тоа постојано да мотивира градење на ставови и мислења за општествени теми поврзани со проблемите на младите. Токму конференции и јавни дебати како оваа се клучни за реализирање на оваа цел и градење на платформи каде тие проблеми можат вистински да бидат слушнати, аргументирани и да се изнајдат нивни решенија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: