Барај
Close this search box.

Траспарентно високо образование

Период на реализација: 01.02.2009 – 01.03.2012

Донатор(и): Education Development Center

Краток опис на проектот: Проектот „Транспарентно високо образование“ е проект на Младински образовен форум насочен кон македонските студенти, високообразовни институции и академскиот кадар, а се фокусира на борба против корупција во високото образование. МОФ во рамките на овој проект е членка на  Transparent education network, со уште 3 организации и тоа YUVA- Humanitarian Centar- Азербејџан, NGO Centar- Ерменија и Alliance- Украина.

Проектните активности МОФ ги спроведуваше во партнерство со Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.

Проектот ја промовираше идејата за антикорупција во високото образование преку креирање на Етички кодекс на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Покрај креирање и промоција на Етичкиот кодекс, проектот вклучуваше и активности насочени кон студентите, и тоа: видео конкурс, конкурс за креативни обележувачи на страни и постери, тркалезни маси со учесници од соработниците од Ерменија, Азербејџан и Украина.

Во 2011 година Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со МОФ го донесе својот прв Етички кодекс, каде има правила на однесување за административниот кадар, академскиот кадар и студентите. Овој проект во 2012 година заврши со меѓународна конференција во Скопје за борба против корупцијата во високото образование, каде учесници беа организации од 14 земји од Европа.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: