Барај
Close this search box.

Тренерите по дебата подготвени да предаваат според World’s форматот

Предавачите по дебата го посветија викендот  3-5 октомври на тренинг за тренери, со цел да се подготват за новиот дебатен формат кој ќе биде дел од курикулумот на Дебатната програма.  Четириесетина тренери поминаа тридневна обука за аргументација, теза, побивање, анализа и структура на случај, каде го надополнија  своето дебатно знаење и имаа можност да придонесат во збогатување на материјалите за предавање, преку креирање на планови за секој час.  На овој тренинг, тренери кои предаваа Стефан Ристовски, Катерина Васковска, Петар Димитров и Марко Горѓиев кои го споделија со учесниците своето знаење за форматот и за методологија на водење на дебатен клуб.

Дебатните предавачи своето слободно време го одвојуваат за да ја пренесат дебатната филозофија и да креираат критичка мисла кај младите дебатерите. Од една страна дебатерите имаат можност да да ги надоградат своите лични вештини а од друга страна да комуницираат со млади од различни заедници, да распознаат добра аргументација и да потикнат дискусија.

Дебатната програма во академската 2014/2015 ќе оформи дебатни клубови во Штип, Велес, Неготино, Гевгелија, Кратово, Кичево, Струмица, Делчево, Тетово, Битола, Дебар, Струга и Скопје. Имајќи во предвид распространетоста на национално ниво како и квалитетот кој е неопходен во спроведување на активностите, дебатните предавачи се клучот во успехот на дебатната програма.

Дебатната програма е поддржана од Фондација отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Интернационална дебатна едукатавнa асоцијација – ИДЕА.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: