Тренинг за студентско лобирање и застапување

Програмата за Истражување анализа и креирање на младински и образовни политки на МОФ на 27.10.2020 организираше онлајн Тренинг за лобирање и застапување за студентските претставници при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.

На тренингот на кој предаваа Сања Стефановиќ и Мартина Илиевска присуствуваа студенти од различни факултети и истите имаа можност да научат повеќе за оваа област.

Тренингот МОФ го организираше во соработка со Универзитетско студентско собрание – УКИМ а во рамки на проектот „Ангажирани млади за студентски и младински политики“ поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.