Тренинг за тренери во Клубовите за демократско учество

15 Сеп,
2020
2020
МОФ во соработка со Фондација за демократија на Вестминстер, а во рамки на проектот „Зголемување на демократското учество кај младите“, од 11-ти до 13-ти септември 2020 година, во Хотел Белви во Скопје го организираше Тренингот за тренери кои ќе предаваат во Клубовите за демократско учество во тековната учебна година.
На тренингот, од страна на Вилдан Дрпљанин, Блажен Малески, Ивана Туфегџиќ, Бојана Низамовска и Сања Стефановиќ беа одржани предавања од областа на демократијата и граѓанските права и слободи, младинските тела и структури, институции и политики за млади, активизам и учество, застапување и делување и како се креира младинска акција.
Сподели