Тренинг за тренери за млади дебатери

Млади луѓе од целата држава земаа учество во тренинг за тренери кој се одржа на 16-ти и 17-ти декември 2019 година во Јавна соба во Скопје. Младински образовен форум го реализираше овој тренинг во склоп на на проектот „Empower Youth to Debate Across Europe“ со поддршка на меѓународната дебатана асоцијација ИДЕА.

Во склоп на овој тренинг беше презентиран финалниот резултат од реализацијата на овој проект во повеќе европски градови меѓу кои и Братислава, Р. Словачка и Букурешт, Р. Романија. На тренинзите во овие европски градови земаа учество и искусни дебатери од дебатната програма на МОФ, кои сега активно се вклучија во реализацијата на овој тренинг во нашата држава.

Главниот фокус на овој тренинг беше пренесување на конкретните методолошки знаења и вештини за работа со група на млади луѓе. Учесниците беа запознаени со низа различни дебатни техники кои би им помогнале при успешна реализација на предавање и водење на групна работа. Со завршетокот на овој тренинг, учесниците се спремни темелно да се подготват и да одржат успешно предавање користејќи го знаењето кое го стекнаа на тренингот.

Young people from all over the country participated in a training for trainers that took place on December 16th and 17th, 2019 in Public Room in Skopje. Youth Education Forum conducted this training as part of the project “Empower Youth to Debate Across Europe” with the support of the international debate association IDEA.

As part of this training, a presentation was given about the final result of the realization of this project in several European cities, including Bratislava, R. Slovakia and Bucharest, Republic of Romania. The trainings in these European cities were attended by experienced debaters from the YEF debate program, who are now actively involved in the realization of this training in our country.

The main focus of this training was the transfer of specific methodological knowledge and skills for working with a group of young people. Participants were introduced to a range of different debating techniques that would help them to successfully teach and conduct group work. With the end of this training, participants are prepared to thoroughly prepare and deliver a successful lecture using the knowledge they have gained during the training.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.