Тренинг за студентски права

Студенти, запознајте се со своите права и обврски за време на своите студии.  МОФ организира тренинг за права на студенти, преку кој ќе можете да дознаете повеќе како да се стават студиите во мирување; како да се побара и кој има дозвола на бесплатни студии;  како се заштитуваат личните податоци на студентите; распределување на финансиите од давачката ИИКСА; користење на универзитетскиот простор; како да се спротиставите на корупцијата на вашиот факултет; како и за студентското организирање.

Дополнително, дознајте кои се надлежните институции кои работат во сферата на заштита на правата на студентите како академски граѓани, но и како припадници на општествената сфера.

Предавањата ќе се одржат во периодот од 10 до 18 часот, на 12.12.2015 година (сабота), во просториите на Coffice (ул. Мито Хаџивасилев Јасмин).

 

Студентите учесници ќе слушаат предавања од претставници на:

– Државниот просветен инспекторат
– Државната комисија за спречување корупција
– Дирекција за заштита на лични податоци
– Младинскиот образовен форум

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се студенти на еден од факултетите на УКИМ
– да имаат интерес за подобрување на состојбата на студентите во Р. Македонија

Сите заинтересирани студенти може да се пријават најдоцна до 10-ти декември (четврток) 2015 год. до 12 часот на пладне, со испраќање на следниве информации:

1. Факултет
2. Година на студии
3. Возраст
4. Контакт телефон
5. Информација дали студентот членува во некоја организација

Информациите се испраќаат на е-маил адресата:policy@mof.org.mk

Бројот на местата е ограничен. Избраните кандидати ќе бидат известени во четврток, 10-ти декември, во попладневните часови. Тренингот ќе се одржи на македонски јазик.

Настанот е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: