[Трибина] Евтини студентски приказни – Правен факултет, Скопје

Младински образовен форум (МОФ) ве поканува да присуствувате на претстојниот студентски настан на тема „Евтини студентски приказни“, која ќе се одржи на 03.04.2013 на Правен факултет – Скопје (амф.3), во 13 часот.

На „Евтини студентски приказни“, за прв пат ќе биде промовиран документарниот филм за студентското организирање во Македонија. Дополнително, ќе бидат презентирани повеќе можни модели за студентско организирање, со можност за нивно коментирање, дополнување, како и предлагање на нови модели од страна на публиката.

На настанот ќе се одржи и јавна дискусија на тема „Студентско организирање“, на која како панелисти ќе говорат претставник од МОФ и Џенур Исени (МПФ), а посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови и мислења.

Сподели