Младински образовен форум (МОФ) ве поканува да присуствувате јавна трибина со наслов „Евтини студентски приказни“, која ќе се одржи на е 05.06.2013 со почеток во 13 часот, во просториите на МКЦ Битола.
На „Евтини студентски приказни” ќе се дискутира за моменталната состојба во студентското организирање на УКЛО, како и за можностите за унапредување на истото. Како панелисти на трибината ќе говорат Никола Главинче (поранешен студетнтски правобранител), Иво Ивановски ( МКЦ), Мартин Алексовски (МОФ).
Посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови, мислења и искуства.
На настанот ќе биде прикажан документарн филм за студентското организирање во Македонија.