Трибина: „Ве праша ли некој?“

Иницијативата за основање Локален младински совет во Тетово , утре (28 мај) со почеток во 12 часот, во Скај бар Илирија организира настан трибина за потребата од локално младинско организирање „Ве праша ли некој?“ Трибина за потребата од локално младинско организирање . На неа ќе се дискутираат потребите и приоритетите на младите во Тетово, а младите ќе бидат информирни за идните активности чија цел е формирање Локален младински совет кој ќе дејствува во  Тетово. Оваа акција е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

На трибината за различните перспективи за младинското организирање, нивните потреби и предизвици ќе говорат: Светлана Сиљаноска –  дел од иницијативата за основање на младински совет, Матеј Маневски – Претседател на ЛМС Куманово, Бардуљ Заими – Претставник на Општина Тетово, Есвие Муртезани – член на КОМЗ. Трибината ќе ја модерира Димче Јосифоски.

На неа исто така ќе се презентираат досегашните активности и можностите за вклучување на претставници од организациите/институциите во овој проект, а ќе се зборува за тоа кои форми на младинско организирање постојат, која е состојбата со младинското организирање на локално ниво, за потребата од Локален младински совет во Тетово и за придобивките за младите од него.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

Оваа акција е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: